Во моментот во Библиотеката во Гевгелија интензивно се работи на дизајнирање и реализација на медијатека. Просторот на старата читална ќе биде осовремен во нов функционален и пристапен дел за сите корисници на електронски медиуми, печатени материјали и корисници на книжниот фонд на Библиотеката. Во согласност со свремените текови на опремување на библиотеките и гевгеличани ќе имаат можност за добивање на повеќе услуги во еден простор, а се од областа на библиотечното работење. Медијатеката според планот треба да се отвори кон крајот на месец декември.
Медијатека во библиотека
Библиотеката од Гевгелија и Фондацијата „Аполонија“ донираа 220 книги во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци. Книгите беа собрани во акцијата што ја спроведоа двете институции под мотото „Подари книга“. Оваа акција се организира првпат во Гевгелија и според организаторите помина успешно. Во наредниот период Библиотеката и Фондацијата имаат за задача да организиараат уште една акција од таков тип.
Ликовна работилница
Во рамките на месецот на книгата 2009 Библиотеката од Гевгелија организираше ликовна работилница а тема „Книга“. На работилницата учествуваа осум ученика од општинските основни училишта од Гевгелија (Јанев Живко, Кели Стојанова, Моника Ристовска, Љубинка Митровска, Викторија Димитрова, Симона Спасова, Александра Илиева).
Изложбата „Дарвин сега“ што официјално ја отвори градоначалникот на Општина Гевгелија Иван Франгов во Библиотеката во Гевгелија ќе престојува до 23 ноември. Се работи за проект кој Библиотеката од Гевгелија го организира во соработка со Британскиот совет.
Во текот на XIX век се случува трансформација на мислата, што одекнува и денес. Функционирањето на природата и разновидноста на животот беа ре-претставени на начин кој ја одбележа севкупната модерна Биологија. Широките импликации на овие идеи сe уште предизвикуваат противречности.
Појавата на еден човек, на една книга, ќе ја симболизира новата биологија на еволуцијата. Чарлс Дарвин, роден во 1809 година, беше на 50-годишна возраст кога го објави веројатно најпознатото научно дело некогаш напишано. Оттаму, 2009 година е година во знакот на одбележувањето на 200 години од неговото раѓање и 150 години од појавата на „Потеклото на видовите по пат на природна селекција“.
Изложбата ги истражува корените на книгата на Дарвин, ги оцртува контурите на неговите главни идеи и објаснува како тие остануваат во јадрото на современото истражување на биологијата и медицината.
Британскиот совет е основан во 1934. Работата на Советот се фокусира на изградбата на заемно разбирање помеѓу културите и промоција на позитивна општествена промена, преку размена на знаења и идеи помеѓу луѓето од целиот свет. Британскиот совет е активенво 110 земји од светот и допирадо милиони луѓе, преку разни активности.
ДАРВИН СЕГА е меѓународна програма на активности, која ја истражува еволуцијата и која ќе вклучи луѓе од цел свет.
“ЧОВЕК КОЈ СЕ ОСМЕЛУВА ДА ИСТРОШИ ЕДЕН ЧАС ОД ВРЕМЕТО, ЈА НЕМА ОТКРИЕНО ВРЕДНОСТА НА ЖИВОТОТ”
На Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ претставникот на ЈОУ-Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија Кирил Танев го освои високото 7 (седмо) место.
(На 06.11. 2009 година во Велес беше одржан јубилејниот 10-ти натпревар “Млади библиотекари“. Ни претставува особено задоволство што овој исклучително значаен настан за библиотечна едукација на учениците од основните училишта продолжува да опстојува еве веќе десетта година. Исто така, им благодариме на библиотеките што ги организираа општинските натпревари, на учениците-учесници, како и на нивните ментори. Особена благодарност и изразуваме на г-ѓа Елена Тевчева, директор на библиотеката “ Гоце Делчев“ од Велес и секретар на БДМ за одличната организација и срдечното гостопримство. За учениците БДМ обезбеди книги и благодарници, за менторите благодарници, за првите три места дипломи и пригодни подароци. Победник на натпреварот е ученичката Емилија Недановска, претставник на НУ-УБ “Св. Климент Охридски“ - Битола.)











