Роднокрајниот оддел при Библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија
распишува
К О Н К У Р С
за поетска творба
на тема „За тебе љубов моја“
Право на учество имаат сите граѓани од Гевгелија и гевгелиско.
Творбите треба да бидат испратени на адреса
Библиотека „Гоце Делчев“
Ул. „Васо Карајанов“ 1
1480 Гевгелија
или на e-mail:
Со творбата да се достават и следниве податоци:
- име и презиме на авторот;
- дата на раѓање;
- место на живеење;
- телефон за контакт и е-mail.
Творбите се доставуваат најдоцна до 22 февруари 2010 година.
Едно лице може да учествува со најмногу три творби.
Најуспешните поетски творби ќе бидат промовирани на
Поетско-музичката манифестација „За тебе љубов моја 2010“ која ќе се одржи на 4 март 2010 година.
За подетални информации може да се обратите во Роднокрајниот оддел во Библиотеката во Гевгелија кај лицето
Тони Аврамов (тел. 034 211 564 070 320 878).






