На 04.03.2010 во хотел „НАР“ во Гевгелија ќе се одржи традиционалната манифестација „За тебе љубов моја“. Манифестацијата се одржува 12 година по ред и е посветена на денот на жената. Оваа година манифестацијата ќе има видоизменет концепт претставувајќи четири роднокрајни поети. Во музичкиот дел ќе учествуваат млади таленти од гевгелискиот регион.
За тебе љубов моја 2010
Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана на 10.02.2010 год. со 17 гласа за, ги усвои Извештајот за работењето во 2009 година и Програмата за работа за 2010 година на Јавната општинска установа - библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија. Пред усвојувањето на овие клучни материјали за работење на Библиотеката претходеше расправа на општинските комисии надлежни за следење на работењето на институцијата, каде беше констатирано дека Библиотеката редовно доставува квалитетни и уредни извештаи и програми. Советниците се заложија за брзо решавање на кадровските проблеми на Библиотеката.
Денес, на 4 февруари, родениот ден на Гоце Делчев, патрон на Библиотеката од Гевгелија, се спроведоа неколку активности кои ќе придонесат за осовременување и приклучување кон современите процеси на библиотечно работење. Официјално започна и се промовира facebook на Библиотеката кој стартуваше со 340 фанови, а во медијатеката беа поставени два компјутери за корисниците кои ќе можат да бесплатно да користат интернет.
Зимски саем на книгата
Кон крајот на месец февруари Библиотеката ќе го организира редовниот зимски саем на книгата. Саемот ќе се одржи во просториите на Библиотеката, а на него според најавите ќе учествуваат познатите издавачки куќи „Култура“, „Феникс“, „Наша книга“, „Детска радост“. За првпат на саемот ќе учествува и издавачкиот центар „ТРИ“.
За тебе љубов моја 2010
По две години пауза Библиотеката од Гевгелија повторно ќе ја органзира поетско-музичката манифестација „За тебе љубов моја“. По тој повод се покануваат сите заинтересирани поети, писатели, пејачи, музичари и ликовни уметници да се пријават за учество во Библиотеката секој работен ден од 7,00 до 14,00 часот, најдоцна до 22 февруари 2010 година.
Контакт: Тони Аврамов 070 320 878 034 211 564 bibliotekagevgelija@yahoo.com





