23 Април е избран затоа што на тој ден во 1616 година починале Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир.
Библиотеката „Гоце Делчев од Гевгелија се вклучува во одбележувањето на овој ден со повеќе активности, а завршната манифестација ќе биде одржана на 23 април 2010 година во хотелот „Нар“ во Гевгелија со почеток во 20,00 часот.
Библиотеката објавува конкурс за есеј на тема
Книгата и нејзината вистина
- Есејот да не биде подолг од две страници, пишуван во Word со кирилични букви (големина на букви 12);
- Конкурсот е анонимен;
- Есеите пишувани со шифра, напечатени на ЦД во 1 примерок и на хартија во формат А4 во 4 примерока, заедно со затврен плик со лични податоци за идентификација на авторот да се стават во плик и да се испратат на адреса:
Библиотека „Гоце Делчев“
(За конкурсот за есеј)
Ул. „Васо Карајанов“ 1
Гевгелија
Конкурсот е отворен до 15 април 2010 год.
Авторството ќе биде докажувано со петтиот примерок од есејот кога ќе биде отворен и пликот со личните податоци за идентификација на авторот.





