На 47 Седница на Советот на Општина Гевгелија се разгледуваше и се усвои извештајот за работењето на ЈОУ-Библиотека Гоце Делчев за 2007 година. Извештајот според советниците е најдобро изработен извештај што досега го подгототвила некоја јавна институција.
„Ако некој од нас советниците сака да дискутира нешто околу извештајот на ЈОУ-Библиотека „Гоце Делчев“, верувам дека ќе направи огромна грешка бидејќи до сега, во сите овие години поминати во Советот на општината, немам добиено подобар извештај, поконкретно направен, посодржаен, односно извештај во кој буквално е сè опфатено. Затоа предлагам да донесеме заклучок, да им укажеме на сите јавни општински установи кои работат во составот на Општина Гевгелија да видат како се прави еден извештај за работењето за една тековна година.
Сите тие што не знаат како треба да го прават, нека одат малку на едукација кај раководното лице на Библиотеката.
Јас, целосно стојам зад Извештајот, го подржувам и ги поздравувам напорите на раководното лице за квалитетен и најдобро досега направен извештај за работењето на некоја јавна институција“.
Венчо Атанасов-советник
„Во извештајот е дадена целосна информација за она што биле реализирани активности на Библиотеката во 2007 година. Сите активности се многу содржајно и јасно искажани, со конкретно обработени и дефинирани реализирани проекти“.
Марика Ризова-советник
„Честитки за изготвувачот на Извештајот, а посебно за делот каде на транспарентен начин се дадени податоците за реализираните активности и целосниот приказ на истите.
Изготвувачот имал доблест да покаже што значи транспарентност во работењето“.
Панде Кацарски- претседател на Советот на Општина Гевгелија





