Програма на манифестацијата 2010 година
Хор „Гортинија“
Елена Поп-Костова – „Women in love“
Теодора Лазаревска – Поезија од Јасмина Ризова
Љупка Урумова – Поезија од Илија Карајанов
Игор Стамков – „Што то бјеше љубав“
Анета Ристова – „Згодна приказна за мемоари“
Рецитаторски клуб од Библиотека: Ана Цилкова, Викторија Најдеска, Каме Ќаев, Марија Трајковска, Магдалена Мишева, Горан Арнаудов: „Остана недоречен стихот од поезијата на твојот живот“ (Тоше Проески)
Глигор Гошев - „Остала си увјек иста“
Петар Стојанов и Филип Динев - “Nothing else matters”
Бојан Алексов - Поезија од Ице Карајков
Ламбрина Лазаревска – Поезија од Даниела Џишева
Теодора Гошева - „This Love“
На литературниот конкурс што го распиша Јавната општинска установа Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија по повод манифестацијата „За тебе љубов моја“ пристигнаа 23 творби главно од граѓани од Гевгелија и населените места.
Комисијата во состав: Александра Ќаева, Елизабета Инадеска-Ефремова и Бисерка Гунова ги разгледа сите пристигнати творби и во суштина беше речиси едногласна во изборот на најквалитетните творби.
Комисијата констатира дека творбите ги задоволуваат критериумите на конкурсот изобилувајќи со креативност, уметничка литерарност и тематска изнијансираност во однос на темата „За тебе љубов моја“.
Затоа што пропозициите на конкурсот дозволуваат само една награда комисијата беше на став посебно да награди тројца автори и тоа:
Виолета Стојановиќ,
Марија Караџова,
Магдалена Делкова.
Комисијата за најдобра ја одреди творбата на Стефан Марковски “Раѓањето на насмевката”.











