Дороти Кумсон
ЌЕРКАТА НА МОЈАТА НАЈДОБРА ПРИЈАТЕЛКА
Камрин Матика живее без обврски – една роденденска честитка тоа засекогаш ќе го промени. Камрин Матика и Адела Бренон се најдобри пријателки кои мислеле дека ништо нема да може да ги раздвои – се’ додека Адела не сторила нешто незамисливо и спиела со вереникот на Камрин, Нејт. Кога Камрин ја отрива вистината за нивното предавство, одлучува никој од нив веќе никогаш да не го види. Така започнува тешкото патување кое Камрин ќе ја води кон простувања, љубов, одговорности и, на крајот, подобро разбирање на себеси. „Вистинско уживање!“ New Woman „Разнолични ликови и досетлив стил“ Heds „Од првата страница се смеев и плачев. Кумсон говори на сериозни теми: пријателството, смртта, предавството, простувањето. Многу трогателна приказна.“ Adel Parks
Плам Сајкс
РУСОКОСИ СО СТАВ
Плам Сајкс им го претставува на читателите гламурозниот свет на принцезите од авенијата Парк, девојките кои шараат по Менхетн во потрага по совршен лажен тен добиен во некој од салоните за убавина, возење со приватен авион, богато момче и недофатлив свршеник. Нашата хероина, позната само како Јас, живее во највисоките општествени кругови на Њујорк, а нејзина најдобра другарка е наследничката на една стоковна куќа. Ама што да прави Moi кога нејзината свршувачка ќе се раскине? Ќе може ли некогаш да биде среќна во еден град пренатрупан со важни девојки, дерматолози и козметичари? Постои ли шанса да пронајде љубов во еден град во кој нејзините пријатели сметаат дека клучот до среќата е да добиеш покана за приватна продажба на накит од Ван Клеф и Арпелс? И како да се справи со бескрајните телефонски повици од нејзината мајка во Англија којашто ја убедува да се омажи со комшијата Ерл? Со голема итрина и проникливост, Сајкс успева да го долови однесувањето на богатите и разгалените во една пријатна социјална сатира, во која главен лик е една девојка чија единствена желба е да пронајде вистинска љубов (и можеби еден пар чевли Маноло Бланик).
Илдефонсо Фалконес
КАТЕДРАЛАТА НА МОРЕТО
Арнау Естањол, макотрпно се пробива кон патот кон слободата и успехот. Од амал кој на грб пренесува тешки камења за изградбата на величествената катедрала Санта Марија, Арнау достигнува непредвидливи висини и станува еден од најмоќните луѓе во Барселона. Но, тоа е тежок пат на кој ќе претрпи стравотни удари на судбината, загуба и предавство на оние кои му се намили. Кога поради забрането пријателство со Евреи ќе се најде во канџите на злогласната шпанска инквизиција, Арнау ќе се соочи со Жоан, најдобриот пријател и посвоен брат. Што ќе победи – верската жар или братската љубов? Шпанска инквизиција во 14 век, сплетки, предавство и одмазда, но и љубов, страст и безусловно пријателство, сето ова е испреплетено во оваа неверојатна приказна за човекот кој никогаш не ги заборавил своите корени.

1. Вештица - Венко Андоновски
Најчитаниот македонски писател во последната деценија Венко Андоновски, со својот најнов роман - ВЕШТИЦА го повторува успехот што меѓу читателите го постигна со ПАПОКОТ НА СВЕТОТ. И ВЕШТИЦА се случува и во средниот век и во денешно време, но, за разлика од претходните дела, во овој роман Андоновски создава нов образец, создава “отворено” дело, во кое читателот е активен чинител, некој вид коавтор. Меѓутоа, романот најмногу освојува со виртуозниот стил, со перфекцијата во раскажувањето на двете приказни – приказната за спалувањето на жените во средниот век и за современата љубовна приказна. Имено, во мрачниот среден век, на ломача биле запалени над половина милион жени под обвинение дека сексуално општеле со ѓаволот. Зошто тоа се случувало, како се изведувало….

2. Бадем - Неџма
Еве едно неверојатно сведоштво: арапкињата Неџма решила да го прекрши сексуалниот табу и законот на тишината, за да ја раскаже својата приказна - за средбата со еден страствен, префинет маж што и ја открил убавината на безграничната љубов, огнена и длабоко сензуална.

3. Најголемиот успех на светот - Ог Мандино
“Страшна книга! Нејзините заповеди за успехот се мошне силни и даваат инспирација - тоа е план за постигнување на душевен мир среќен и успешен живот“ - Џ. Вилард Мериот, претседател на Управниот одбор на Merriot Corporation
“Почнав да го чирам НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ НА СВЕТОТ и не можев да прекинам со читање“ - Ричард М. Девош, престедател на Amway Corporation

4. GAME OVER - Адел Паркс
Совреманата англиска писателка Адел Паркс, во својот роман Game Over кој е продаден во неколку стотици илјади примероци во Европа и САД пишува за (не)верноста во љубовта, за изедначувањето на љубовта со сексот, за (не)поврзаниоста на љубовта со кариерата. Каси е триесетгодишна жена, интелигентна, убава, модерна, пробивна, заводлива. Мажите во својот кревет ги задржува само една ноќ, не им верува, емотивно не се врзува. Во телевизијата во која работи покренува емисија со која јавно, во живо докажува дека и мажите и жените многу повеќе се наклонети кон неверства и тоа токму во мигот кога си ветуваат дека ќе бидат верни еден на друг: пред стапувањето во заеднички брачен живот. Шоуто се вика – Пред брак-секс со бившиот пак. Се покажува дека огромен процент штотуку невенчани бивши љубовници се согласуваат последната “слободна” ноќ да ја минат заедно. Зошто го прават тоа? Едни од љубопитство, вели авторката, други од авантуризам, а најбројни се оние кои повторно легнуваат со својот бивш, или со својата бивша – од одмазда! Одмаздата им успева! Но, набрзо Џеси на своја кожа ќе почувствува дека во љубовта работите воопшто не се црно-бели. И во нејзиниот живот влегува човек кој сe ќе преврти наопаку и ќе докаже дека љубовта, сепак, е можна…

5. Масони - Јован Бригиски
Кои се? Од кога се? Со што се занимаваат? Што прават?… Редица прашања кои го скокоткаат современиот човек. Масоните, како ретко кое друго тајно братство, до денес се најзагадочни, најмистериозни. Ним им се припишува голема моќ – политичка, пред се, во сиот свет, многу децении и векови наназад. Допираат до почетокот, преку древните мистерии… Книгата МАСОНИ што пред извесно време ја објави КУЛТУРА, е прва публикација на македонски јазик која дава целосна слика за Слободните ѕидари: официјалниот историски развој, ритуалите, симболите, филозофијата на масонеријата, легендарниот развој и, посебно, масоните во Македонија ио масоните-Македонци, уште од турско време сe до формирањето на Големата ложа на Македонија во октомвфри 2005 година.
Освен бревијарот МАСОНИ, Култура во истата едиција ја објави и книгата ЗНАЧЕЊЕТО НА МАСОНЕРИЈАТА од Валтер Вилмшурст, врвен масонолог, масон од највисок ранг. Станува збор за книга која ја открива вистинската предодреденост на модерното слободно ѕидарство и јасно го утврдува вистинското тело на учењето и практиката што се однесуваат на езотеричното значење на масонскиот ритуал.





