Роднокрајниот оддел при Библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија
распишува
К О Н К У Р С
за поетска творба
на тема „За тебе љубов моја“
Право на учество имаат сите граѓани од Гевгелија и гевгелиско.
Творбите треба да бидат испратени на адреса
Библиотека „Гоце Делчев“
Ул. „Васо Карајанов“ 1
1480 Гевгелија
или на e-mail:
Со творбата да се достават и следниве податоци:
- шифра под која е потпишана творбата;
- име и презиме на авторот;
- дата на раѓање;
- место на живеење;
- телефон за контакт и е-mail.
Едно лице може да учествува со најмногу три творби.
Најуспешните поетски творби ќе бидат промовирани на
Поетско-музичката манифестација „За тебе љубов моја 2010“ која ќе се одржи во 4 март 2010 година.
За подетални информации може да се обратите во Роднокрајниот оддел во Библиотеката во Гевгелија кај лицето
Тони Аврамов (тел. 034 211 564 070 320 878).
По повод „Месец на книгата 2008“
ЈОУ-Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија
распишува
1. ЛИТАРАТУРЕН КОНКУРС за песна или есеј на тема
1. Кој чита е богат
2 . Библиотеката-отворен прозор кон нови сознанија
3. Гевгелија – град на гостопримството
Творбите треба да бидат потпишани
- име и презиме на ученикот;
- училиште во кое учи;
- име и презиме на менторот;
- телефонски број за контакт.
Творбите треба да се достават до ЈОУ-Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија, најдоцна до 03.11.2007 година.
Резултатите ќе бидат овјавени во училиштата преку менторите и преку средствата за јавно информирање.
2. Форум на тема: Зошто младите денес не читаат книги?
По повод месец на книгата Библиотеката од Гевгелија на својата електронската страница www.biblioteka.edu.mk во делот My notebook отвора форум на прашањето: Зошто младите денес не читаат книги?
Сите коментари и мислења ќе бидат објавени на оваа страница.
:G-fest 2008
Конкурс за изведувачи
Фестивалот за млади таленти :G-fest 2008 објавува конкурс за изведувачи за престојниот фестивал. Апликантите треба да бидат на возраст од 14 до 25 години, да имаат желба за пеење и дружење. Апликациите можат да се подигнат во Библиотеката во Гевгелија секој работен ден од 8,30 до 18,00 часот. Најдобрите кои ќе ги избере стручна комисија ќе учествуваат на :G-fest 2008. Конкурсот трае до 15 јуни 2008 година. Подетални информации можат да се добијат на телефон 071 335 055 (Игор Узунов).
Литературен конкурс
Фестивалот за млади таленти :G-fest 2008 објавува конкурс за поетски творби кои треба да бидат прилагодливи за компонирање. Текстовите да бидат со определена и точна метрика и да имаат рефрен. Темата е слободна. Творбите се поднесуваат во Библиотеката во Гевгелија секој работен ден од 8,00 до 18,00 часот. Конкурсот трае до 15 јуни 2008 година. Подетални информации можат да се добијат на телефон 070 320 878 (Тони Аврамов).
Поетска средба
„СОНОТ НА ДУШАТА“
распишува
К О Н К У Р С
за поетска средба
Право на учество имаат сите поети - дебитанти постари од 14 години, кои живеат во Гевгелија или гевгелиско.
Учесниците не смеат да имаат веќе објавено авторско дело.
Литературните творби треба да бидат на македонски јазик.
Творбите треба да бидат испратени под шифра на адреса СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија 1480 или во Библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија, со назнака „За професор Даниела Џишева“, најдоцна до 15 април 2008 година.
Во посебно плико треба да се испрати решение на шифрата со кратка биографија на авторот што вклучува:
- шифра под која сте ја потпишале творбата
- име и презиме
- дата и место на раѓање
- место на живеење
- адреса и контакт телефон
Одбраните авторски творби ќе бидат промовирани на поетската средба „Сонот на душата“, а за најдобрите следи награда.
Информации на телефон 070 397 608
Интернационалниот детски музички фестивал „КАЛИНКА“
Дом на култура „Македонија“
и Библиотека „Гоце Делчев“
распишуваат
К О Н К У Р С
за детски литературни и ликовни творби и компјутерски дизајн за плакат на тема
Нека биде светот убав
- Литературни творби: поезија прилагодена за компонирање
- Ликовни творби: техники- темпер, туш, мозаик и природни материјали
- Изработка на плакат за Калинка: компјутерски дизајн
- Право на учество за литературните и ликовните творби имаат сите деца од основните училишта и градинките од општините Гевгелија, Богданци и Валандово;
- За изработка на плакат за „Калинка“ право на учество имаат учениците од средните општински училишта од Гевгелија, Богданци и Валандово;
Најуспешните литературни творби ќе бидат откупени за потребите на фестивалот Калинка 2009;
Од најуспешните ликовни творби ќе биде организирана изложба пред и за време на одржувањето на „Калинка 2008“, која ќе се одржи на 15, 16, 17 и 18 мај 2008 година;
Најуспешниот плакат ќе биде откупен за потребите на фестивалот Калинка 2008;
Конкурсот ќе трае до 30 април 2008 година
Творбите можат да се испраќаат во:
Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија и
Дом на култура „Македонија“ - Гевгелија (односно Кино „Култура“)





