Во 2008 година Библиотеката ќе работи под мотото „Моја песна, омилен рефрен“ отворајќи нова кампања за популаризација на библиотечниот материјал. Повеќе активности ќе се одвиваат во рамките на кампањата.
| Проектна активност | Опис на проектот | |
| Јануари | 1. Почеток на кампањата „Моја песна, омилен рефрен“ | Библиотеката својата дејност оваа година најмногу ќе ја насочи кон популаризација на книгата и враќањето на читателската публика. Целта на манифестацијата „Моја песна, омилен рефрен“ е да се изработат неколку литературни конкурси во текот на годината, да се изработат |
| 2. Конкурс за „G-fest“ | За потребите на младинскиот фестивал G-fest Библиотеката ќе распише конкурс за творење/изработка на текст за песни кои ќе се интерпретираат/изведуваат на фестивалот. Темите и возраста на учесниците нема да бидат ограничени. | |
| 3. Промоција на веб страницата на Библиотеката www.biblioteka.edu.mk | Библиотеката ќе отвори нова веб страница која ќе биде наменета за библиотечно информирање но и за информирање на граѓаните за секојдневните настани од Општина Гевгелија и регионот. Страницата постојано ќе биде ажурирана. | |
| Февруари | 4. Отворање на електронска читална | Преку проектот „Преку традицијата до новите технологии“ што го спроведе библиотеката заедно со општина Гевгелија и локалната канцеларија на УНДП од Гевгелија беа обезбедени четири компјутери за опремување на електронска читална која е сместена на втори кат и која ќе биде отворена за потребите на корисниците на Библиотеката. |
| 5. Дебата „Колку и како се употребува литературното дело во наставната програма“ | Во рамките на кампањата за популаризација на книгата „Моја песна омилен рефрен“ во Библиотеката ќе се организира дебата со наставниците и професорите по македонски јазик и литература и учениците. Целта на дебатата е изнаоѓање начин и методи за враќање на вредноста на книгата и нејзино континуирано користење. | |
| Март | 6. Саем на книгата | Саемот на книга ќе се организира во соработка со издавачките куќи од Република Македонија. Саемот ќе биде манифестационен, односно на него ќе се промовираат и ќе се продаваат најновите изданија на книги на македонски јазик, но исто така ќе се промовираат и најновите остварувања во документарниот филм од автори и содржини од гевгелиско-валандовскиот регион. На саемот свое учество ќе имаат и институции и фирми кои се занимаваат со печатење и продажба на библиотечен материјал. |
| 7. Акција за прибирање на носачи на тон и слика (оригинални аудио и видео продукти од роднокрајни автори) | Заради збогатување на библиотечниот материјал, но и евидентирање на веќе постоечкото творештво од музиката, веб дизајнерството ќе се спроведе акција преку локалните медиуми за собирање и ставање во трајна сопственост на овие материјали во Библиотеката. | |
| Април | 8. Отворање на електронска читална | Преку УНДП програмата Локално управување за одржливи човечки и економски развој за Библиотеката е одобрен проект за реновирање на просторија и создавање електронска читална за корисниците. Читалната е опремена со 4 (четири) компјутери, бироа, столчиња и клима уред. Преку истиот проект се реновираше и читалната во приемното одделение во Библиотеката. |
| 9. 23 Април ден на поезијата | На денот на поезијата секој читател кој ќе ја посети Библиотеката ќе добие по една книга | |
| Мај | 10. Вечер на роднокрајни автори | Манифестација за презентација на гевгелиското авторство во 2007 и 2008 година од областа на литературата, музиката, веб дизајнерството и слично. По претходна селекција и избор на најдобрите дела во периодот од мај 2007 до мај 2008 година Библиотеката ќе одржи мултимедијална манифестација. |
| 11. Одбележување на патронот на Библиотеката | Во соработка со основните ушилишта и средношколскиот центар од Општин Гевгелија ќе се распише награден конкурс по повод денот на загинувањето на патронот на Библиотеката Гоце Делчев. Наградите на најуспeшните ќе им бидат доделени на 4 мај на свечен прием во Библиотеката. | |
| 12. Собирна акција на библиотечен материјал | Во соработка со Општина Гевгелија, основните училишта, средношколскиот центар и локалните медиуми од Гевгелија на плоштадот ќе се организира собирна акција на книги од граѓани кои би сакале да ги донираат или подарат книгите коишто ги имаат, односно не им требаат. Акцијата има за цел да го збогати фондот на Библиотеката, но и да придонесе во развојот на свеста на граѓаните за чување и негување на книгата. | |
| Јуни | 13. Промоција на роман на годината | Според добиени резултати од официјални избори за книги на годината, Библиотеката ќе направи избор на книга која ќе ја промовира пред читателската публика. |
| Јули | 14. Поетски карван (мини саем на книгата) | Библиотеката „Гоце Делчев“ во соработка со издавачката куќа „Три“ и оваа година ќе го организира мини саемот „Карван на книгата“. Издавачката куќа „Три“, која преку својата издавачка политика се наметна како лидер на македонската издавачка сцена, освен со своите изданија, во овој карван на книгата ќе вклучи и познати светски издавачи. |
| Август | 15. Смоквијада 2008 | Библиотеката ќе помогне во печатарските материјали што ќе ги издаде ЗГ „ТеРа“ за овогодинешниот фестивал на смоквата. |
| Септември | 16. Конкурс „Месец на книгата“ | Конкурсот ќе биде распишан за потребите на манифестацијата „Месец на книгата“ на теми кои се поврзани со книгата и градот. На истиот ќе бидат вклучени сите основни училишта и средношколскиот центар од Гевгелија. |
| Октомври | 17. Месец на книгата | Од 15 октомври до 15 ноември во Република Македонија се одржува месецот на книгата. Библиотеката од Гевгелија години а ред се вклучува во одбележувањето со манифестации кои помагаат во популаризација на книгата и приближување до читателите. Завршната приредба од месецот на книгата ќе се одржи на 7 ноември општинскиот празник на Гевгелија. |
| 18. Општински натпревар „Млади библиотекар“ | Општински натпревар за најдобар млад библиотекар на кој ќе учествуваат ученици од основните училишта, а победникот ќе учествува на републичкиот натпревар за млади библиотекари. | |
| Ноември | 19. Избор на читател на годината | На манифестацијата „Месец на книгата“ ќе се избере и читател на годината од веќе востановената манифестација Избор на читател на месецот. |
| 20. Месец на книгата (завршна манифестација) | Манифестација која ќе се одржи во рамките на општинскиот празник „7 Ноември“ а ќе има за цел да го промовира творештво на гевгелиските автори (поети, музичари, ликовни уметници, режисери и сценаристи) | |
| 21. Средба со поет/писател за деца | ||
| 22. Учество на републичкиот натпревар на млади библиотекари | ||
| Декември | 23. Изработка на кампања за 2009 година |





