На денот на ослободувањето на Гевгелија, 7 ноември, се одржа завршната манифестација по повод Месец на книгата.
На распишаниот конкурс за литературни творби што го објави Библиотеката пристигнаа 58 творби од ученици од основните училишта и од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Комисијата за творбите на учениците од основните училишта работеше во следниот состав:
1. Никола Проданов – наставник по македонски јазик и литература
2. Мери Олумчева – наставник по македонски јазик и литература
3. Митко Велков – наставник по македонски јазик и литература
Наградени ученици:
Прво место:Љубица Делиманова, ОУ „Владо Кантарџиев“ - Гевгелија
Второ место: Ристо Јованов, ОУ „Крсте Мисирков“ - Гевгелија
Трето место: Ангела Зумровска, ОУ „Климент Охридски“-Миравци
Комисијата за творбите на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ работеше во следниот состав:
1. Даниела Џишева – професор по македонски јазик и литература
2. Александра Ќаева – професор по македонски јазик и литература
3. Бисерка Гунова – професор по македонски јазик и литература
Наградени ученици:
Алиевиќ Стефан
Џакова Марија
Даниел Савревски
На завршната манифестација се доделија и посебни признанија за учесниците на републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2007“
Гордана Анастасова – ученик во ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци
Жаклина Линкова – наставник (ментор)
За 2007 година беа прогласени и најверните читатели и корисници на книжниот фонд на библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија:
Основните училишта: Атанасова Викторија (8 одд. од Крсте Мисирков)
Средно образование: Ана Колева (1 год. „Јосиф Јосифовски“)
Возрасни: Нада Митренцева (пензионер)
Во рамките на манифестацијата беше изведена и културно-уметничка програма посветена на трагично загинатиот Тоше Проески со наслов „Остана недоречен стихот од поезијата на твојот живот“ во интерпретација на Марија Каркалашева и Софија Минева, а во техничка изведба на Игор Узунов и Тони Аврамов.





