Врз основа на член 11 став 2 и член 13 став 3 од Законот за библиотеки, Управниот обор на јавната општинска установа-библиотека “Гоце Делчев“-Гевгелија на седницата одржана на ден 23.12.2005 година донесе:
С Т А Т У Т
јавната општинска установа-библиотека
“Гоце Делчев“-Гевгелија
ОПШТИ ОДРЕДБИ:
Предмет на уредување:
Член 1
Со овој Статут се уредува организацијата и работата на библиотеката, називот, седиштето, предметот на работа, органите на управување и раководење, правата и обврските на корисниците на јавните услуги, потоа деловна тајна, прашањата поврзани со одбраната, евиденцијата и документацијата, финансирањето на Библиотеката, начинот на работа, имотот, јавноста во работата, користењето на средствата и библиотечниот материјал како и други прашања од значење за вршење на дејноста.
Назив и седиште
Член 2
1)Целосниот назив на библиотеката гласи:“ Јавна општинска установа - библиотека “Гоце Делчев“-Гевгелија
2)Седиштето на Библиотеката е во Гевгелија, на улица “Васо Карајанов“ 1.
Член 3
1)Основач на Библиотеката е Советот на општина Гевгелија согласно со Одлуката на Советот на општина Гевгелија бр.07-11/1 од17.02.2004 година за преземање на основачките права на Библиотеката. (Службен гласник на општина Гевгелија бр. од 2004 година).
2)Библиотеката е правен следбеник на Матична библиотека “Гоце Делчев“-Гевгелија. со ЦО која во својство на правно лице е запишана во судскиот регистар на Основниот суд во Скопје во регистарска влошка бр.1-15763-0-0-0.
Правна положба
Член 4
1)Библиотеката е општинска непрофитна установа од областа на културата.
2)Библиотеката има својство на правно лице.
3)Во правниот промет со трети лица Библиотеката истапува во свое име и за своја сметка, а за своите обврски одговара со целиот имот.
Член 5
1)Библиотеката во своето работење употребува печат и штембили.
2)Печатот има форма на круг, со пречник од 35 мм по чија внатрешна страна, полукружно, со кирилица е испишан текстот“Јавна општинска установа - библиотека “Гоце Делчев“-Гевгелија , со зборот “Гевгелија“ во долниот дел на печатот, а во средината на кругот се наоѓа грбот на општина Гевгелија.
3)Штембилот е правоаголен, со димезии 65мм должина и ширина 35 мм, со текст испишан на кирилица.На горниот раб е текстот„Јавна општинска установа-библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија“, во средината има ознака „бр.________“.Под него се наоѓа линија за означување датумот„__________ год“.На долниот раб стои „Гевгелија“
Заштитен знак
Член 6
1)Библиотеката има заштитен знак
2)Заштитниот знак се состои од стилизирани почетните букви на Гоце Делчев, а под нив отворена книга.
3)Начинот и условите на користење на заштитниот знак се утврдуваат со одлука на Управниот одбор согласно потребите и намената.
4)Заштитниот знак се заштитува како трговска марка согласно законските одредби.
ПРЕДМЕТ НА РАБОТЕЊЕ
Основна дејност
Член 7
1)Според предметот на својата работа Библиотеката е општа.
2)Основна дејноста на библиотеката е 92.51- дејност на библиотеките и архивите.
3)Библиотеката во рамките на предметот на работење ќе ги обавува и следните дејности:
22.15 Издавачка дејност,
22.21 Печатење на весници,
22.22 Печатење неспомнато на друго место,
22.23 Книговезни и завршни работи,
22.25 Други активности во врска со печатењето,
22.31 Репродукција на снимени медиуми,
22.33 Репродукција на компјутерски медиуми,
92.31 Уметничка дејност,
92.31/1Создавање и интерпретација на уметнички дела,
92.31/2Подготвување и објавување на уметнички дела, Културни и забавни активности;
92.32 Дејности на посредување во културата и дејност на објекти за култура,
92.51 Дејност на библиотеките, кинотеките, архивите, музеите и други културни активности.
III.ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ
Организациона поставеност
Член 8
1)Работењето на библиотеката се организира преку основни организациони единици – сектори.
2)Библиотеката функционира преку следните организациони единици – сектори:
1.Комлетирање на библиотечен материјал;
2.Стручна обработка на монографски и периодични публикации;
3.Библиографско - библиотечни информации
4.Роднокраен оддел
5.Примоиздавање и библиотечни услуги
6.Посебни книжни фондови
7.Запштита и репрографија
8.Општи служби
3)Делокругот на работата на организационите единици од став 2 на овој член и работните места поблиску се утврдуваат со посебен општ акт Правилник за организација и систематизација на работните места.
IV.ОРГАНИ НА РАКОВОДЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ
1.Орган на раководење.
Директор
Член 9
1)Директорот како орган на раководење на Библиотеката:
1.Ја води работата на Библиотеката;
2.Ја застапува Библиотеката и одговара за материјално-финансиското работење, за законитоста и за економичноста на нејзината работа;
3.Изготвува предлог-програма за работа на Библиотеката;
4.Ги извршува одлуките на Управниот одбор;
5.Предлага акт за систематизација и организација на работните места;
6.Донесува акти во врска со работниот однос на вработените согласно со законите;
7.Формира Стручен совет и други советодавни тела, трајни и повремени комисии согласно Статутот;
8.Формира стручни тимови, комисии, работни тела и други слични тела, согласно овој Статут;
9.Поднесува Годишен извештај за работата на Библиотеката;
10.Одобрува службени патувања во земјата и странство;
11.Раководи со организирањето и спроведувањето на подготовките за одбрана;
12.Се грижи за правилно и навремено информирање на вработените и јавноста;
13.Издава упатства и донесува наредби, решенија и други поединечни акти;
14.Обезбедува услови за непречен пристап и вршење на управен и инспекциски надзор, ревизија и друг вид контрола на работењето на Библиотеката од страна на надлежни органи;
15.Врши други работи согласно со закон и овој Статут.
Избор на директор
Член 10
1)Директорот на Библиотеката се избира по пат на јавен конкурс, што се објавува во средствата за јавно информирање, а го распишува Градоначалникот на општина Гевгелија;
2)Директорот од став 1 на овој член се избира и разрешува за време од четири години и може повторно да биде избран;
3)Градоначалникот на општина Гевгелија го избира и разрешува директорот најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на претходниот директор;
4)За директор на Библиотеката, на начин и во постапка пропишана со закон, може да биде избрано лице кое покрај општите услови ги исполнува и следните посебни услови:
завршено високо образование од општествено-хуманитарни дејности;
работно искуство од 5 години дејноста;
5)Кандидатот за директор задолжително поднесува Предлог-програма за работа и развој на Библиотеката;
Член 11
За директор не може да биде избрано лице:
1)на кое со правосилна судска пресуда му е изречена казна затвор заради пречекорување и злоупотреба на службени овластувања, кражба, измама, фалсификување исправа, забрана за вршење функции и должности согласно Закон за спречување на корупција и друго, согласно законските прописи во Република Македонија.
Разрешување на директор
Член 12
1)Директорот на Библиотеката може да биде разрешен и пред истекот на мандатот за којшто е избран и тоа:
на лично барање;
ако не ја остварува програмата на Библиотеката;
ако по негова вина е нанесена штета на библиотеката;
ако не работи во согласност со закон и овој Статут и во други случаи пропишани со закон.
Член 13
1)Во случај кога не е избран директор на Библиотеката или предвреме му престанал мандатот, градоначалникот на општина Гевгелија именува вршител на должноста , без конкурс, од редот на вработените,
2)Вршителот на должноста директор ги има истите права и обврски на директор на Библиотеката.
3)Вршителот на должноста директор се именува за време до изборот на директор на Библиотеката, а најдолго за шест месеци.
Програмски директор
Член 14
1)Библиотеката може доколку за тоа има потреба да избере еден програмски директор.
2)Програмскиот директор е лице со посебни овластувања.
3)Програмскиот директор:
1.Ја води реализацијата на стручната работа и ги усогласува процесите на работење во Библиотеката;
2.Подготвува и организира стручна подготовка и обработка на апликации, програми, пресметки, анализи и биланси и друг вид слична документација од доменот на стручното работење на Библиотеката.
3.Се грижи за доследна примена на основните начела, стандарди и нормативи во вршењето на дејноста на Библиотеката.
4.Издава налози за работа.
5.Врши и други работи согласно со Закон, овој Статут и актите на Библиотеката.
Член 15
1)Програмскиот директор се избира за време од 4 години и може повторно да биде избран.
2)Програмскиот директор се избира по пат на јавен конкурс објавен во средствата за јавно информирање, доколку директорот одлучи дека за тоа има потреба.
3)За програмски директор може да биде избрано лице кое покрај општите услови ги исполнува и следните посебни услови:
завршено ВСС образование од општествено-хуманитарни науки;
работно искуство не помалку од 3 години во библиотечна или сродни дејности;
4)кандидатот за програмски директор поднесува предлог програма за работа и развој на Библиотеката согласно член 12 од Законот за библиотеки.
Член 16
1)Конкурсот за програмски директор го распишува директорот на Библиотеката и трае 15 дена од денот на неговото објавување.
2)Ако пријавените кандидати не ги исполнуваат условите од конкурсот или директорот не изврши избор од редот на кандидатите што ги исполнуваат условите, во рок од 30 дена по истекот на рокот од преходниот атав на овој член, директорот распишува повторен конкурс за избор на програмски директор.
Член 17
Програмскиот директор на Библиотеката може предвреме да биде разрешен:
на негово лично барање;
ако не ја реализира пеограмата на Библиотеката;
ако постојат сериозни забелешки за квалитетот на извршените стручни работи или поголеми отстапувања во поглед на утврдените рокови, односно обезбедените финансиски средства.
ако не работи во согласност со закон, овој Статут и во други случаеви предвидени со закон.
2.Органи на управување
Управен одбор
Член 18
1)Орган на управување на библиотеката е Управниот одбор.
2)Управниот одбор го сочинуваат 5 претставници што ги именува и разрешува Советот на општина Гевгелија, од кои тројца претставници од редот на истакнати поединци од областа на културата и двајца претставници од вработените на Библиотеката стручни и компетентни лица.
3)Претседателот и членовите на Управниот одбор се именуваат врз принцип на стручност и компетентност, за време од четири години и можат повторно да бидат именувани.Претседателот и членовите на Управниот одбор можат да бидат разрешени пред исткот на мандатот доколку работат спротивно на Закон или Библиотеката.
Надлежност на Управниот одбор
Член 19
1)Управниот одбор на Библиотеката :
1.Донесува Статут;
2.Ги утврдува политиката и принципите за развој и работа на Библиотеката;
3.Ја донесува годишната програма за работа на Библиотеката согласно член 13 став 3 од Законот за библиотеки;
4.Го усвојува годишниот извештај за работа на Библиотеката и го предлага на Советот на општина Гевгелија;
5.Го донесува финансискиот план на Библиотеката и предлага на Советот на општина Гевгелија;
6.Ја предлага годишната сметка на Библиотеката;
7.Дава согласност на актот за организација и систематизација на работните места на Библиотеката и Колективниот договор на ниво на Библиотека;
8.Донесува документи за финансиско работење на Библиотеката, согласно прописите за материјално и финансиско работење;
9.Одлучува во втор степен за решенијата што ги донесува директорот;
10.Дава образложен предлог до Градоначалникот на општина Гевгелија за разрешување на директорот;
11.Донесува Деловник за својата работа;
12.Определува со одлука втор потписник или повеќе други потписници на сметките на Библиотеката ако за тоа има потреба;
13.Решава за плата на директорот со решение;
14.Врши други работи утврдени со закон и вовој Статут.
Член 20
1)За претседател и членови на Управен одбор не може да бидат именувани:
лица на кои со судска пресуда им е забрането вршење на јавна услуга или на кои со правосилна одлука им е изречена казна затвор, заради кражба, измама, издавање чек без покритие, злоупотреба на довербата, фалсификат, лажна изјава дадена под заклетва и слично;
како и лице кое e член на орган на управување или носител на раководна установа од јавен интерес.
Член 21
Претседателот и членовите на Управниот одбор можат да бидат предвремено разрешени:
на нивно барање;
доколку работат спротивно на закон;
доколку по нивна вина е нанесена штета на Библиотеката;
член може да биде разрешен и доколку неоправдано отсуствува од седниците на Управниот одбор три пати едно по друго;
ако не работи согласно Закон, Статутот и Деловникот за работа.
Член 22
Со седниците на Управнниот одбор раководи претседателот.
Управниот одбор одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови согласно член 35 од Законот за култура.
Одбор за контрола
Член 23
За вршење на контрола на материјално-финансиското работење на Библиотеката се формира Одбор за контрола на материјално-финансиското работење составен од пет члена што ги именува Советот на општина Гевгелија.
Член 24
Одборот за контрола на материјално-финансиското работење ги прегледува годишните сметки и извештаите за работењето на Библиотеката и за тоа дава мислење до Управниот одбор.
Управниот одбор не може да ги усвојува годишните сметки и извештајот за работењето на Библиотеката доколку претходно не добие позитивно мислење од Одборот за контрола на материјално-финансиското работење.
Заради вршење на работите на контрола, Одборот за контрола може да врши испитување на лице место на сите документи и списи на библиотеката.
Одборот за контрола може заради испитувања на документите и списите на библиотеката да повика стручни лица кои ќе му помогнат во решавањерто на надзорот.
3.Стручни тела
Постојани стручни тела
Член 25
1)Постојани стручни тела на Библиотеката се:
2)Стручниот совет (како советодавно тело) или Колегиум, Издавачки совет и Одбор за набавка на библиотечен материјал.
3)Надлежностите на постојаните тела се определуваат со општ акт.
4)Стручните тела и бројот на членовите на истите ги одредува директорот.
Стручен совет
Член 26
1)Стручниот совет расправа за значајни и стручно теоретски прашања од областа на библиотекарството утврдени со овој Статут или со друг општ акт.
2)Директорот на библиотеката е претседател на Стручниот совет, ги свикува седниците и раководи со нив.
3)Членови на Стручниот совет по положба се: директорот, програмскиот директор, раководителите на одделите и стручниот секретар.
4)Бројот на членовите на Стручниот совет го определува директорот.
5)На седниците на Стручниот совет може да присуствуваат и други стручни и научни работници од Библиотеката и истакнати стручни и научни работници од областа на културата, образованието и слични дејности.
6)Надлежностите на Стручниот совет се:
покренува иницијатива и расправа за рaзвојот на Библиотеката библиотекарската дејност во општина Гевгелија;
расправа и дава предлози за стручната и научно-истражувачката програма на библиотеката, ги разгледува и дава мислење за прописите за обработка на библиотечниот материјал и техничко заштитини мерки за чување на истиот;
разгледува и предлага измени и дополнувања на републичките библиотечни стандарди;
иницира издавање на одредени публикации од областа на библиотекарството и други области од дејноста на културата;
го следи стручното усовршување на кадарот и дава предлози;
подготвува и дава предлози за проширување на одделни дејности на библиотеката;
го разгледува и дава мислење за Правилникот за користење на библиотечниот материјал;
по потреба решава и за други прашања.
Издавачки совет
Член 27
1)Издавачкиот совет ја организира и насочува издавачката дејност на Библиотеката;
2)Директорот и програмскиот директор се членови на издавачкиот совет по функција. Во издавачкиот совет членува и извршител од издавачка дејност.За член на Издавачкиот совет едно лице може да биде избрано и повеќе пати едно по друго.
3)Директорот на библиотеката е претседател на Издавачкиот совет, ги свикува седниците и раководи со истите.
4)Делокругот и начинот на работа на Издавачкиот совет е утврден со Правилник за издавачка дејност.
Одбор за набавка
Член 28
1)Одборот за набавка на библиотечен материјал ја дефинира и планира набавната политика и се грижи за реализација на истата во рамките на програмата за работа.
2)Одборот за набавка на библиотечен материјал одлучува за реализација на средствата за набавка на библиотечен материјал.
3)Директорот, програмскиот директор и извршителот од организационата единица за комплетирање на библиотечен материјал се членови на Одборот за набавка по својата положба.
V.Права и обврски на корисниците
Член 29
1)Корисниците на Библиотеката имаат право на основните библиотечни услуги за користење на библиотечните фондови, користење на информации за фондот и упатства за користење на извори на информации.
2)Правата на корисниците поблиску се регулират со посебен акт на Библиотеката.
Член 30
Во функција на својата дејност, а во согласност со прописите за заштита на личните податоци, Библиотеката истите ги зема и се обврзува дека ќе ги користи за намена за која се земени.
Член 31
Корисниците на библиотечните услуги имаат обврска да ги почитуваат правилата за користење на библиотечните услуги во согласност со Законот за библиотеки.
VI. ОПШТИ АКТИ НА БИБЛИОТЕКАТА И ПОСТАПКА ЗА НИВНО ДОНЕСУВАЊЕ
Колективен договор
Член 32
1)Прашањата од областа на работните односи се доуредуваат со колективен договор на ниво на работодавец, во согласност со Закон и Општиот колективен договор што се однесува на нестопанска дејност, односно гранскиот колективен договор од областа на културата.
2)Колективниот договор од став 1 на овој член во име на Библиотеката го склучува Управниот одбор, а го потпишува овластен претставник.
Други општи акти
Член 33
1)Одредени прашања од работењето на Библиотеката поблиску се уредуваат со правилници и други општи акти, во согласност со закон и овој Статут.
2)Во смисла на став 1 од овој член, во Библиотеката се донесуваат следните акти:
Правилник за организација и систематизација на работните места;
Правилник за плати, надоместоци на плати и други примања на работниците;
Правилник за реценција и тестирање;
Правилник за чување и користење на библиотечниот материјал
Правилник за заштита од пожари;
Правилник за заштита при работа;
Правилник за издавачка дејност;
Деловник за работа на Управниот одбор
3)Согласно потребите на Библиотеката и законските прописи се донесуваат и други општи акти.
VII.ДЕЛОВНА ТАЈНА
Член 34
1)Деловна тајна се сметаат исправи и податоци чие соопштување на неовластени лица, поради нивната природа и значење, би било спротивно на интересите на Библиотеката.
2)Како деловна тајна се сметаат исклучително документите и податоците определени со посебен акт на Управниот одбор.
3)Како тајна се чуваат следните исправи и податоци:
1.Што се прогласении за деловна тајна во смисла на претходниот став на овој член;
2.Што надлежен орган како доверливи ќе ги достави, односно соопшти на Библиотеката;
3.Што се однесуваат на работите од одбраната и безбедноста , ако се соодветно означени во поглед на видот и степенот на тајноста;
4.Што се однесуваат на понуди за јавни набавки или конкурси, до објавувањето на резултатите;
4)Должноста на чување на деловната тајна продолжува и по престанокот на работниот однос;
5)Заради чување на деловна тајна во работењето со лица во странство се применуваат посебни мерки;
6)Работниците кои работат со документи и податоците што се прогласени за деловна тајна должни се:
1.Да ги чуваат на безбедно место;
2.Да не даваат било какви изјави во врска со нив;
3.Да не ги даваат на увид или користење, без посебно овластување на директорот.
Повреда на должноста за чување деловна тајна
Член 35
1)Повредата на должноста за чување деловна тајна претставува повреда на работната обврска.
2)Не се смета за повреда на чување на деловна тајна ако податоците и исправите што се сметаат за деловна тајна се соопштуваат, односно им се даваат на увид на лица или органи кои истите може или мора да им се соопштат врз основа на пропис или дадено овластување од страна на овластено лице.
3)Работникот што врши соопштување во смисла на став 2 од овој член е должен присутните да ги предупреди дека се работи за деловна тајна.
Посебна евиденција
Член 36
1)За давање на документи и податоци што се прогласени за деловна тајна на трети лица се води посебна евиденција.
2)Евиденцијата од став 1 на овој член содржи:
1.Име на лицето и органот на кои им се соопштени податоците, односно им се дадени документите;
2.Кои податоци се соопштени и во која форма;
3.Кога и за каква цел се дадени податоците и документите;
3)Евиденцијата од став 1 на овој член се смета за доверлива и се чува на безбедно место.
VIII. ОДБРАНА
Подготвителни мерки
Член 37
1)Во библиотеката се преземаат подготвителни мерки за заштита на книжниот фонд, а особено на специјалните збирки во служај на вооружен судир и за остварување на неговата дејност во воена состојба.
2)Библиотеката учествува во вежбовни активности, на начин утврден со договор со Министерството за одбрана.
3)Подготвителните мерки во смисла на став 1 од овој член се превземаат во согласност со Закон, прописите и документите за одбрана.
Воена состојба
Член 38
1)Во воена состојба Библиотеката превзема мерки за заштита и спасување на работниците, кои ќе се најдат во Библиотеката и материјалните добра од воени дејствија и природни непогоди и други несреќи и последици предизвикани од нив.
2)Покрај мерките од став 1 на овој член, во воена состојба се превземаат посебни мерки за заштита на книжниот фонд согласно закон и посебни прописи.
Цивилна заштита
Член 39
1)Заради извршување на мерките за заштита и спасување за свои потреби, Библиотеката формира екипи за цивилна заштита.
2)Екипите за цивилна заштита од став 1 на овој член се организираат, подготвуваат и употребуваат спгласно со закон и посебни прописи.
IX.ФИНАНСИРАЊЕ
Извори на финансирање
Член 40
1)средствата за работа на Библиотеката се обезбедуваат од следните извори:
1.Буџетот на Република Македонија;
2.Буџетот на општина Гевгелија;
3.Фондови, донации, легати, подароци;
4.Сопствени приходи (членарина, извршени услуги, договорни активности);
2)Приходите од услугите во смисла на став 1 точка 4 од овој член ги утврдува Управниот одбор со одлука, со која се определува видот на услугата и надоместокот за нејзино извршување (ценовник).
3)Согласност на ценовникот дава Советот на општина Гевгелија.
X.ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Работно време
Член 41
1)Работното време во Библиотеката го определува Управниот одбор на Библиотеката.
2)Во определени случаеви, Управниот одбор може со одлука да определи поинакво работно време за одделни проекти, програми, акции или други активности различни од работното време определено во смисла на став 1 од овој член.
XI. ИМОТ НА УСТАНОВАТА
Член 42
1)Библиотеката ги остварува своите дејности со имот кој е во сопственот на општина гевгелија, согласно законските прописи и доделен на користење на Библиотеката.
2)Прашањата за начинот и користење на имотот се определуваат со Закон и општи акти.
XII.ИНФОРМИРАЊЕ
Известување на врботените
Член 43
1)Известувањето на вработените се врши н начин достапен за секој работник.
2)Известувањето во смисла на став 1 од овој член се врши преку огласна табла и непосредно од страна на раководните работници.
3)На огласна табла се објавуваат општите акти на Библиотеката, поединечните акти на Управниот одбор и директорот, соопштенијата и други пишани акти.
4)Раководните работници се должни редовно да ги информираат вработените за работењето на Библиотеката и постигнатите резултати, за актуелните состојби и отворени прашања, престојните активности што се од интерес на вработените.
5)На негово барање, секој работник може да оствари увид во службената документација, со исклучок на документите што претставуваат деловна тајна или се означени со друг вид и степен на тајност.
Известување на јавноста
Член 44
1)Библиотеката ја известува јавноста за своето работење преку средствата за јавно информирање.
2)Известувањето во смисла на став 1 од овој член се врши преку посебни соопштенија, платени огласи, разговори и учество во специјални емисии на електронските медиуми.
3)Известувањето на јавноста се врши и преку една или повеќе интернет страници на Библиотеката.
4)Одговорно лице за давање информации за јавноста е директорот или лицето што ќе го овласти.
XIII.ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ
Член 45
Постапката за изменување и дополнување на Стутот е иста како и про донесувањето.
XIV.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 46
Со влегувањето во сила на овој Статут престанува да важи Статутот на РО Матична библиотека “Гоце делчев“-Гевгелија донесен 8.01.1992 година.
Член 47
Библиотеката е должна да ја усогласи својата работа со одредбите на овој Статут во рок од еден месец од неговото влегување во сила.
Член 48
Општите акти кои произлегуваат од овој Статут ќе се донесат во рок од три месеци од неговото влегување во сила.
Член 49
Овој Статут стапува во сила со денот на добивање согласност од Советот на општина Гевгелија
Претседател на Управен одбор
Александра Ќаева
23.12.2005





