- монографски публикации
Во одделот за класификација и систематизација се обработува целокупниот книжен фонд според меѓународните стандарди за библиотечно работење. Библиотеката располага со стручен, азбучен и други видови каталози кои се дополнуваат континуирано.
- сериски публикации
Одделот периодика располага со 1310 томови од 100 весници и списанија.
Во рамките на овој оддел е и збирката посебен специфичен фонд од над 400 наслови и монографски публикаци
- роднокраен оддел
Од 1986 година е формиран родокраен оддел во кој се чуваат монографски публикации, периодични
списанија и разновиден библиотечен материјал од гевгелиските автори. Одделот располага со над 300 наслови,
монографски публикации, и исто толку примероци небибилиотечен материјал (плакати, покани, каталози, CD, DVD).
Досега се издадени две персонални библиографии и неколку наслови од гевгелиски автори.
Одговорно лице:
Тони Аврамов
toniavramov@yahoo.com
Во рамките на библиотеката работи и еден клон во селото Миравци кој располага со околу 9.000 книги.
Одговорно лице:
Маргита Тановска





