На 04.03.2010 во хотел „Нар“ се одржа 12 Поетско-музичка вечер „За тебе љубов моја“. Во организација на Библиотеката од Гевгелија и ЗГ „Дон Кихот“ пред многубројната публика и оваа година беа презентирани стихови и песни од роднокрајни автори. На манифестацијата беа доделени и наградите од литературниот конкурс што го распиша Библиотеката . Првото место му припадна на Стефан Марковски за поетската творба „Раѓање на насмевката“. Инаку манифестацијата годинава имаше видоизменет карактер. Беа претставени четири поети од Гевгелија со нивното творештво, а преку видео филмови беше прикажана влијателноста на жената и нејзината улога низ историјата. Единствениот проблем со кој се соочи организаторот беше просторот, којшто беше премал за да ја собере целата публика.
Повеќе за манифестацијата може да најдете на оваа страница во делот За тебе љубов моја.
Коментари
Треба да сте логирани за да напишете коментар





