Во Библиотеката во Гевгелија е отворен зимскиот Саем на книгата кој ќе трае до 27 февруари. Саемот за отворен го прогласи директорот на Библиотеката Тони Аврамов пред многубројните граѓани и ученици од Гевгелија. Инаку ова е петти саем што го организира Библиотеката од Гевгелија и има за цел да ја популаризира книгата. Саемот ќе биде отворен секој работен ден од 11 до 17 часот.
Коментари
Треба да сте логирани за да напишете коментар





