Конкурс за есеј
Март 31, 201023 април е избран од УНЕСКО како ден кога се слават писателите и нивните дела. Идејата за празникот потекнува од Каталонија, каде на овој ден традиционално се подарува роза за секоја купена книга. Во Македонија веќе 12 години се празнува денот на книгата и авторското право.
23 Април е избран затоа што на тој […]
Стручна литература за читателите
Март 29, 2010Во Библиотеката од Гевгелија во моментот набавени се 270 наслови од едицијата книги што Владата на Република Македонија ги реализира преку проектот „Превод на 500 книги од најреномираните универзитети во САД и Англија“. Книгите се од областа на правото и економијата во Франција и Германија и достапни се за сите корисници.
Нови членови
Март 10, 2010Со цел да ги запознае читателите и корисниците со библиотечниот материјал, да ја популаризира книгата, но и создаде навика за читање и користење на книгата, Библиотеката од Гевгелија запиша 56 ученика од второ одделение од основите училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“. Членските карти учениците свечено ќе ги добијат во текот на идната недела.
12 Поетско-музичка вечер „За тебе љубов моја“
Март 5, 2010На 04.03.2010 во хотел „Нар“ се одржа 12 Поетско-музичка вечер „За тебе љубов моја“. Во организација на Библиотеката од Гевгелија и ЗГ „Дон Кихот“ пред многубројната публика и оваа година беа презентирани стихови и песни од роднокрајни автори. На манифестацијата беа доделени и наградите од литературниот конкурс што го распиша Библиотеката . Првото место му […]
За тебе љубов моја 2010
Февруари 18, 2010[ Март 4, 2010; 20:00 до 22:00. ] На 04.03.2010 во хотел „НАР“ во Гевгелија ќе се одржи традиционалната манифестација „За тебе љубов моја“. Манифестацијата се одржува 12 година по ред и е посветена на денот на жената. Оваа година манифестацијата ќе има видоизменет концепт претставувајќи четири роднокрајни поети. Во музичкиот дел ќе учествуваат млади таленти од гевгелискиот регион.





