Започна зимскиот Саем на книга
Февруари 22, 2010Во Библиотеката во Гевгелија е отворен зимскиот Саем на книгата кој ќе трае до 27 февруари. Саемот за отворен го прогласи директорот на Библиотеката Тони Аврамов пред многубројните граѓани и ученици од Гевгелија. Инаку ова е петти саем што го организира Библиотеката од Гевгелија и има за цел да ја популаризира книгата. Саемот ќе биде […]
За тебе љубов моја 2010
Февруари 18, 2010[ Март 4, 2010; 20:00 до 22:00. ] На 04.03.2010 во хотел „НАР“ во Гевгелија ќе се одржи традиционалната манифестација „За тебе љубов моја“. Манифестацијата се одржува 12 година по ред и е посветена на денот на жената. Оваа година манифестацијата ќе има видоизменет концепт претставувајќи четири роднокрајни поети. Во музичкиот дел ќе учествуваат млади таленти од гевгелискиот регион.
Усвоени Извештајот и Програмата на Библиотеката
Февруари 11, 2010Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана на 10.02.2010 год. со 17 гласа за, ги усвои Извештајот за работењето во 2009 година и Програмата за работа за 2010 година на Јавната општинска установа - библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија. Пред усвојувањето на овие клучни материјали за работење на Библиотеката претходеше расправа на општинските комисии надлежни […]
Роденден на патронот „Гоце Делчев“
Февруари 4, 2010Денес, на 4 февруари, родениот ден на Гоце Делчев, патрон на Библиотеката од Гевгелија, се спроведоа неколку активности кои ќе придонесат за осовременување и приклучување кон современите процеси на библиотечно работење. Официјално започна и се промовира facebook на Библиотеката кој стартуваше со 340 фанови, а во медијатеката беа поставени два компјутери за корисниците кои ќе […]
Стоп за дискриминацијата
Февруари 2, 2010Центар за поддршка на НВО-Гевгелија во во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип и „Центар за одржлив развој - Порта“ - Струмица, го спроведува проектот „Стоп за дискриминацијата“. Проектот е финансиран од Европската комисија во рамки на програмата: Зајакнување на улогата на граѓанското општество во промоција на човековите права […]
Наредни записи »





