Собрани 188 книги
Октомври 26, 2009Библиотеката „Гоце Делчев“ и Фондацијата „Аполонија“ спроведоа акција за собирање книги, главно лектирни изданија. Во акцијата која се одвиваше пред просториите на Библиотеката беа собрани 188 книги и 17 списанија. Книгите ќе бидат донирани во една од училишните библиотеки во градот.
Млади Библиотекари 2009
Октомври 20, 2009Заврши општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2009“ што се одржа во просториите на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија. На натпреварот учествуваа ученици од сите основни училишта, а правото место го освои Кирил Танев од ОУ „Климент Охридски“ од Миравци
Формиран литературниот и рецитаторски клуб
Октомври 16, 2009Заклучно со 16 октомври заврши пријавувањето за членување во литературниот и рецитаторскиот клуб кој ќе дејствува во Библиотеката во Гевгелија. Во клубот се зачленија главно ученици од средношколскиот центар „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Запишани членови: Марија Петрова, Ели Илиева, Данче Панова, Делкова Магдалена, Шаркова Жана, Стојанчо Бучков, Ташкова Магдалена, Костадиновска Нада, Стамков Стојан, Мишевска Магдалена, […]
Акција „Подари книга“
Октомври 15, 2009[ Октомври 20, 2009; 9:00 до 14:00. ] По повод месецот на книгата 2009 Библиотеката „Гоце Делчев“ од 15 октомври до 15 ноември 2009 ќе организира неколку проекти заради популаризација и афирмација на книгата. Еден од тие проекти е и добротворна акција за собирање на книги која ја реализираат заедно со Фондацијата „Аполонија“. Во вторник на 20 Октомври од 09.00 до 14 часот […]
Промоција на книгата „Еднонасочно“
Октомври 5, 2009[ Октомври 6, 2009; 18:00 до 19:00. ]
Во вторник на 6 Октомври со почеток во 18 часот, во хотелот „Аполонија“ ќе се одржи промоција на книгата “Еднонасочно“ на младиот гевгелиски автор Стефан Марковски. Оваа книга ја има добиено наградата за најдобар роман Петре М. Андреевски за 2009 год. која ја доделува Фондацијата „Рамковски“. Осумнаесетгодишниот Стефан ја доби оваа награда на […]
Наредни записи »





