Втор упис за учениците во средно
Јуни 29, 2009
Денес почнува второто пријавување од првиот уписен рок во средните училишта во Република Македонија. Учениците ќе може да ги поднесуваат документите за упис во средните училишта и утре. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на први јули.
Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија во првиот уписен рок за гимназиското образование се пријавиле 89 ученика, запишани […]
Јубилеен концерт на „Бојмија“
Јуни 23, 2009[ Јуни 23, 2009; 20:00 до 22:00. ] Вечерва со почеток во 20,00 часот во Пионерскиот дом во Гевгелија ансамблот за традиционална музика и игра „Бојмија“ ќе го одржи петтиот јубилеен концерт. Во програмата ќе учествуваат сите членови на „Бојмија“, од најмалите до возрасните кои во овој изминат период беа дел од редовните часови по фолклор што ги одржуваше ансамблот речиси секојдневно.
Намалени комуналните такси
Јуни 22, 2009Советот на општина Гевгелија ги намали комуналните такси за користење на просторот пред деловните простории од 10 на 7 денари. Намалени се и давачките за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места. Советот донесе одлука за промена на овие цени и тоа за истакнување реклама за седум дена 600 денари, 1000 […]
Учество на Општина Гевгелија во „Форум на заедниците“
Јуни 22, 2009
Советот на општина Гевгелија, на последната седница донесе одлука за учество на општина Гевгелија во Програмата “Форум на заедниците”. Станува збор за програма на швајцарската агенција за развој и соработка за поттикнување на учеството на граѓаните во процесот на одлучување.
Така, општина Гевгелија како теми за апликација ги определи животната средина и инфраструктурата. По […]
„Принцес“ ќе биде готов до крајот на годината
Јуни 22, 2009Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов имаше средба со претседателот на “Принцес група на компании”, г. Суди Озкан, кој најави дека туристичко угостителскиот комплекс на турската компанија, што се гради крај граничниот премин Богородица, треба да биде готов до крајот на годината.
Новиот туристичко-угостителски комплекс на турската компанија “Принцес” забрзано се гради на површина […]





