Свечености по повод основањето на ООУ „Владо Кантарџиев“
Мај 26, 2009[ Мај 28, 2009; 18:00 до 21:00. ] По повод 65 години од основањето на училиштето „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија и првата настава на македонски јазик од првите народни учители на 28 мај 2009 година во Пионерскиот дом во Гевгелија ќе се одржи свечена програма со драмско-балетски перформанс „НИЕ“ подготвен од Елизабета Инадеска-Ефремова, Зорица Митревска, Драган Бојмалиев, Наташа Линкова, Крсте Делев и Борка […]
Поетско-музичка манифестација „Љубовта-водилка“
Мај 26, 2009[ Мај 27, 2009; 20:00 до 22:00. ]
Во среда во хотелот „Аполонија“ а во организација на Домот на културата „Македонија“ од Гевгелија се одржа првата поетско-музичка вечер „Љубовта-водилка“. Манифестацијата која веќе неколку месеци се подготвуваше ја промовира и првата книга-збирка поезија од млади автори, учесници во наградниот конкурс што го распиша Домот на културата. Ова е прва книга од таков […]
Втора поетска средба „Сонот на душата“
Мај 7, 2009[ Мај 7, 2009; 19:30 до 22:30. ] Здружението на граѓани „Дон Кихот“ во четврток на 7 мај 2009 година се одржа Втората поетска средба „Сонот на душата“. На оваа манифестација учествуваа поети од Македонија и Црна Гора (Ефтим Клетников, Илија Карајанов, Ристо Јачев и Павле Горановиќ). Средбата се одржа во Казино Фламинго Хотел. Во програмскиот дел беа интерпретирани песни од поетите со […]
Биста на пилот-капетан Игор Ѓорески
Мај 6, 2009На 12 јануари 2008 година во трагична хеликоптерска несреќа загина пилот-капетан Игор Ѓорески од Гевгелија. Неговите другари и неговото семејство до народниот театар во Гевгелија поставија биста која почесно беше откриена на 06.05.2009 година. На откривањето на бистата присуствуваа претставници од Министерството за одбрана на Република Македонија, локалната самоуправа, АРМ, како и граѓани и пријатели […]
Акција за Европа
Мај 5, 2009Во Гевгелија се одржа јавна дебата на тема “Македонија и ЕУ”, во рамки на проектот “Акција за Европа”, која ја организираат Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во соработка со Центарот за поддршка на НВО-Гевгелија.
Целта на дебатата беше граѓаните од општина Гевгелија да бидат запознаени и информирани за придобивките кои локалната самоуправа, граѓаните и деловниот […]





