23 Април-светски ден на книгата
Април 27, 2009По повод 23 април - светскиот ден на книгата Библиотеката од Гевгелија на телевизија Нова објави прилог со повелба за сите читатели. Исто така на овој ден сите корисници кои ја посетија Библиотеката добија подарок-книга.
Замена на столаријата во ООУ „Ристо Шуклев“
Април 27, 2009Во ОУ “Ристо Шуклев” во Негорци започна замената на столаријата, во рамките на проектот што заеднички го реализираат УСАИД и општина Гевгелија.Дотраената дрвена столарија во ОУ “Ристо Шуклев” во Негорци ќе биде заменета на првиот и третиот кат, бидејќи минатата година беше извршена замена на столаријата на првиот кат. Реализацијата на целиот […]
Изложба на студентите од Факултетот за туризам
Април 27, 2009Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов ја отвори изложбата за промоција на алтернативниот туризам во општината, организирана од новоотворениот Факултет за туризам, бизнис и логистика. Изложбата има за цел да ги презентира домашните вредности, традиција и култура, како предност во развојот на алтернативниот туризам.
Гевгелија располага со богато културно наследство, традиција и прекрасни рурални […]
Проценети штетите од невремето
Април 14, 2009Од невремето кое на 21 март ја зафати општина Гевгелија е предизвикана вкупна штета од 39.841.349 денари на 156 парцели со градинарски и други земјоделски производи на вкупна површина од 12,4 хектари.
Според Предлог-Елаборатот што го изготви Општинската комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди за проценка и утврдување на штети […]
Прва седница на Советот на општина Гевгелија
Април 14, 2009Александар Тодов, од ВМРО-ДПМНЕ, е избран за нов претседател на Советот на општина Гевгелија на првата конститутивна седница, на која беше оизвршена верификација на мандатот на новоизбраните советници.
Првата седница на новоизбраниот Совет на општина Гевгелија ја отвори најстариот член на Советот Нинослав Ѓорѓевиќ, кој најпрво предложи избор на Комисија за прашања на верификација […]





