На 25 мај 2010 год. во хотелот „Аполонија ќе се одржи промоцијата на книгата „Посакувани копнежи“ од Љубица Стојчева во организација на Библиотеката од Гевгелија. Воведниот збор за книгата ќе го имаат Тони Аврамов - директор на Библиотеката „Гоце Делчев“-Гевгелија и Александра Ќаева - професор по македонски јазик и литература.

Промоција на стихозбирката „Посакувани копнежи“

Втора манифестација „Воскреснувам во мојата песна“
23 април е избран од УНЕСКО како ден кога се слават писателите и нивните дела.
Идејата за празникот потекнува од Каталонија, каде на овој ден традиционално се подарува роза за секоја купена книга.
Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија овој ден ќе го прослави со традиционалното читање поезија и интерпретирање музика од роднокрајни автори, книжевници и ученици. Манифестацијата под името „Воскреснувам во мојата песна“ ќе се одржи во хотел „Нар“ во Гевгелија со почеток во 20,00 часот на 22 април (четврток).

За тебе љубов моја 2010
На 04.03.2010 во хотел „НАР“ во Гевгелија ќе се одржи традиционалната манифестација „За тебе љубов моја“. Манифестацијата се одржува 12 година по ред и е посветена на денот на жената. Оваа година манифестацијата ќе има видоизменет концепт претставувајќи четири роднокрајни поети. Во музичкиот дел ќе учествуваат млади таленти од гевгелискиот регион.

Зимски саем на книгата
Кон крајот на месец февруари Библиотеката ќе го организира редовниот зимски саем на книгата. Саемот ќе се одржи во просториите на Библиотеката, а на него според најавите ќе учествуваат познатите издавачки куќи „Култура“, „Феникс“, „Наша книга“, „Детска радост“. За првпат на саемот ќе учествува и издавачкиот центар „ТРИ“.

„Ленче Кумановче“
Драмската работилница при пензионерското КУД “Ѓоко Симоновски“ од Куманово, во Гевгелија ќе гостува на 26 Декември 2009 ( сабота) во Домот на културата “Македонија“- Гевгелија. Претставата “Ленче Кумановче“ во режија на Стојче Додевски, а работена по романот “Бегалка“ од В. Илјовски ќе биде изведена на сцената на Кино “Култура“ со почеток во 19,оо часот, а влезот ќе биде слободен. Инаку претставата е работена на кумановски дијалект и гледачите од Гевгелија ќе имаат несекојдневна можност да проследат интересна и полна со хумор и позитивна енергија, претстава. Ги покануваме сите кои сакаат да се расположат пред дочекот на Новата 2010 год.
Салата на Кино “Култура“ за време на претставата ќе биде затоплена.





