My notebook, што е тоа?
Како се праќа статија?
- Регистрација на корисничко име
- Логирање во системот и пишување статија
- Одобрување од страна на администраторот
Вклучете се во форумот „Зошто младите денес не читаат книги“
Од adminПочитувани корисници,
на оваа страница можете слободно да го напишете вашето мислење за вредноста на книгата, незјината потреба, но и зошто таа во полседните години не е толу популарна и актуелна кај младите генерации.
Ги очекуваме вашите коментари и мислења.
Бакнежот
Од adminПрвонаградена творба на поетската средба „Сонот на душата“ од Кристина Пренда
Твоето вито тело
клекнато пред мене,
свиткано на две
на три
припиено на моите гради
во целосна предаденост
на формата
ја чувствувам сета твоја
мекост и цврстина
секое слатко мускулче и ковче
и чинам можам да те соберам
во дланките мои
како свилена марама
и да те понесам со себе
на крај свет
те наткрилувам и заробувам
како орел гулабица
моето тело те засенува
како планина што засенува колипка
но во мојата прегратка
ти си тврда семка
во срцето на кајсијата
јас - повредлив во својата маса
ти - отпорна колку што сакаш
и пак
јас сум нечистиот
недостојниот
гламјосан во својот копнеж
да те имам без остаток
џабе ми е сета сила и големина
жено
кога со отворени очи
само образ ми подаваш.
Розета (кругот на животот)
Од adminВторонаградена творба на литературниот конкурс „Сонот на душата 2008“ од Кристина Танева.
„Летам, летам се повисоко,
сакајќи да ја достигнам магијата,
да разгорам оган пред моите предци
и да ја сотрам гладта.“
Еј, Вие…со цвеќе во вашите раце!
Еј, Вие…со поглед кој открива тајни!
Да, да, Вие… со огорчен сјај на Вашите усни
и со искри во очите
од неиспратената љубов до ангелите!
Каде бегате?
Зошто бегате?
Не Ве научиле да го прифаќате она што е дадено
или, пак, самите сте причинители на сите сомневања
за кои Ве обвинуваат?
Зар не се гледате?
Зар не се слушате самите себе си?
Не гасете го светлото!
Вие сте само зашеметени од отровната арома на безредието.
Наоѓате задоволство во ограничени чувства.
Се будалите пред бесконечната реалност.
Додека во Вас гори…
Не молчете клетници!
Зошто молчите пред суровиот свет?
Дали сиот свет е свртен против Вас
или навистина сте должници безвредни,
кои молчат пред висините небесни,
кои нечујно ја враќаат непобедата,
кои се валкаат во калта миротворна
и воздивнуваат, шепотејќи ги тајните зборови?
„Те довикувам, мој пријателу.
Ја барам и твојата присутност,
за да го довршиме заедно недовршеното,
за да ги отвориме сите врати…“
Сјајот на налудничавиот дијамант ги задева вашите надежи,
си поигрува со неизвесноста,
буди копнежи врели,
потајно влевајќи страв низ Вашите врати.
Тргнете ги наметките
и намирисете ја свежината.
Бидете горди на својот разум.
Битието исконско е величествено
и Ве враќа низ поколенијата Ваши,
со сласт ја краде невиноста
и весело заигува со вашата замисленост.
„Ти припаѓаш овде, меѓу нас.
Дојди заедно да патуваме,
да гледаме и се восхитуваме,
да чувствуваме и да се радуваме.“
Секој од Вас има своја вера.
Отворете и го патот
и верувајте и.
И таа Вам ќе Ви верува.
„Затоа што ти си Човек!
Ти си Бог!
Ти си се!“
Зрак низ отвор (душевна мана)
Од adminТретонаградена творба на литературниот конкурсот „Сонот на душата 2008“ од Александар Јанковски
Го отворам видот низ времето сето,
осветлувам ново и затворам врата.
Тангентен свиреж низ свенато време,
од место, од стелност и свиена мисла.
Правот пред мене се собра во купче,
се исчисти време, се покажа дупка.
Ме снема во сонот и пропаднав негде!
Се изгубив тука низ моево семе.
Го видов низ процеп, низ синило меко,
низ одвратен тропот од скриена сенка.
Се носеше само од од во од, низ одвод,
скован во чувство на скриена желба!
При неповрат своја од глувеж и сила,
од сталност на вриеж и несакан миеж.
Изгубен во свесност и самост низ процеп,
низ сенилна магла и двоен триеж.
Низ вековна струја од времето наше,
оттурнувам свод, оттурнувам глед.
Одгатнувам простор, изместувам време,
излитен поглед, од сегашност без себе.
Пронајдувам поглед на стварност,
изместен пејзаж, скинато парче.
Скинат зрак низ празно се сее,
скината мисла, минато време.
Празен е сводот, празен е умот,
свикнат на надолж, излезен вон.
Аватон, апеж и слад во грч, вртеж,
скокаш и јас звукот и јас ветер.
Правиш да, не си, одвид, одрон,
вовед, глувеж и радосник, не.
Плувеж во струја недолжен,
зркнат во свиреж и смев.
Пеј, пеј и одвеј од се, свет, збор,
плукнатик и провев, одвев.
Одсон, во сон и јаве си сам,
изваден свој од свет, в`невек.
Пловиш вон дом, занавек сам,
скитник и сводник, паршинец.
Палашник, вљубец и свет си свој,
одник во соба си сам, вон се!
Плашиш и бегаш во скит и пев,
риеш во време далеку од се, одвев.
Мугра пред зора, свет без ден,
и миговен триеж, одвоен.
Вовед пред крај, надолж низ свет,
провиф и светлост си ти.
Седиш, седиш и пак низ рев, збор,
ветер низ време, почеток без крај.






