На годинешниот конкурс за литературни творби насловен „ЗЛАТНА ПЕРКИЈА“ што го објави Општина Дојран на тема Дојран пристигнаа повеќе дваесетина песни и прозни записи. Водејќи се од естетските вредности на пристигнатите творби, жирито одлучи да додели две награди. Првата награда се додели на песната „Дојранска елегија“ од Иван Василевски од Струмица, а втората на „Раѓањето на туѓинецот“ од Тони Аврамов од Гевгелија. Жирито реши третата награда да не се додели. Конкурсот кој беше отворен еден месец за сите поети и писатели од Републиката имаше за цел да ја збогати културната манифестација „Дојрански ракувања“ а воедно и создаде нов начин на величење и опишување на дојранските убавини и традиционалности. Наградите на најуспешните беа свечено доделени на манифестација посветена на поезијата и афоризмите во рамките на „Дојрански ракувања“.
Последен поздрав до Елица
Сакаше да му каже на Светот дека постои начин да му се спротивставиш на ветрот, а не знаеше дека таа Сама се бореше со него и во времиња и во невремиња. Сама против ветрот. Како што секоја приказна има среќен крај, така заврши и нејзината. Чинам се вљуби во ветрот и замина со него, засекогаш.
Почивај во мир.
На 03.07.2010 година околу 16,30 часот на планината Кожув, на м.в.„Две уши“, пронајден е починат Ќемал Ј.(1958) од с.Ѓопчели-Гевгелија. Смртта (најверојатно од удар од гром) е констатирана од страна на лекар од Брза помош. По наредба на ИС, телото на починатиот е предадено на обдукција
Златен медал за Горан Грошев
Горан Грошев член на Kик бокс клубот “Аждер Aполонија” од Гевгелија на неодамна одржаниот балкански натпревар во кик бокс во својата категорија го освои првото место. Ова е уште еден значаен резултат на овој гевгелиски клуб покрај останатите светски трофеи што ги има досега добиено клубот.
Во рамките на проектот Моќта на уметничкото соединување, инициран и реализиран од страна на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО, а поддржан од страна на Швајцарската Амбасада во Република Македонија, од 01 до 04 јули, во Летниот Камп Партизан во Дојран престојуваа претставници на Здружението за помош на лица со пречки во развојот СТАРИ ГРАД – Београд, Република Србија.
Во неколкудневното дружење се реализира работилница за размена на искуства и знаења помеѓу двете организации за процесот на подготовка и реализација на театарски претстави кои вклучуваат лица со пречки во менталниот развој. На сцената во летниот камп бea презентирани две театарски претстави во кои учествуваат лица со пречки во менталниот развој.
Целта на овој проект е преку културата и културни активности да се постигне што поголема социјализација и интеграција на лицата со пречки во менталниот развој во Заедницата.
Ова е прва средба од ваков тип меѓу Македонија и Србија. Проектот предвидува уште една ваква средба која ќе се реализира во ноември во Белград. Тенденција е овој проект да се прошири и во останатите бивши југословенски републики, па и пошироко во Европа, меѓу организации кои работат за помош на лица со пречки во менталниот развој, предводени од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО НЕГОТИНО.





