Анкета

Дали во летниот период читате?

Loading ... Loading ...
Архива
Страница 1 од 812345»...Последна »

Изложбата „Дарвин сега“ одложена

Изложбата „Дарвин сега“ во организација на Библиотеката од Гевгелија и Британскиот совет во Република Македонија се одложува поради започнувањето на летните одмори. Истата ќе се одржи во месец октомври во рамките на манифестацијата „Месец на книгата 2009“.

Актуелно за библитеката, Инфо Гевгелија | Нема коментари »

Карван на книгата 2009

Започна овогодинешниот Карван на книгата 2009. И оваа година Библиотеката од Гевгелија со издавачкиот центар „ТРИ“ од Скопје им нудат на читателите евтини книги-изданија кои се популарни во моментот, но и стручна литература која во Македонија единствено ја нуди издавачот „Три“. Карванот е лоциран пред просториите на Библиотеката во Гевгелија и работи во текот на целиот ден.

Актуелно за библитеката, Инфо Гевгелија, Културен календар | Нема коментари »

Карван на книгата 2009

саем 1Библиотеката од Гевгелија од 4 јуни во соработка со издавачкиот центар „Три“ ќе го организира летниот саем на книгата под наслов Карван на книгата. Ова е традиционален мини саем што библиотеката го организира пред своите простории со цел приближување на книгата до читателите и запознавање со најновите изданија како од домашни така и од странски автори. Саемот ќе работи од 10 часот наутро до 20 навечер.

Актуелно за библитеката, Инфо Гевгелија, Културен календар | Нема коментари »

Поетско-музичка манифестација „Љубовта-водилка“


Во среда во хотелот „Аполонија“ а во организација на Домот на културата „Македонија“ од Гевгелија се одржа првата поетско-музичка вечер „Љубовта-водилка“. Манифестацијата која веќе неколку месеци се подготвуваше ја промовира и првата книга-збирка поезија од млади автори, учесници во наградниот конкурс што го распиша Домот на културата. Ова е прва книга од таков вид во Гевгелија после објавите на некогашниот поетски клуб „Јужен глас“. Исто така под закрила на домот на културата започнува да работи нова литературна секција во која ќе членуваат млади поети од Гевгелија. Името на секцијата е „Огледало“. Како помагатели на конкурсот покрај другите беше и Библиотеката од Гевгелија, а предговорот на книгата и рецензија за истата се од Тони Аврамов.

Актуелно за библитеката, Инфо Гевгелија, Културен календар | Нема коментари »

23 Април-светски ден на книгата

По повод 23 април - светскиот ден на книгата Библиотеката од Гевгелија на телевизија Нова објави прилог со повелба за сите читатели. Исто така на овој ден сите корисници кои ја посетија Библиотеката добија подарок-книга.

Актуелно за библитеката | 7 коментари »
Страница 1 од 812345»...Последна »

"));